Конкурс

ПРИВАТНО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ „СВ. ЛУКА“ – СКОПЈЕ ОБЈАВУВА

КОНКУРС ЗА УПИС НА УЧЕНИЦИ ВО УЧЕБНАТА 2019/2020 ГОДИНА

1. Во прва година ќе се запишат 60 ученици во 4 паралелки според наставните планови и програми за:
Здравствена струка – 45 ученици, 3 паралелки
Медицинска сестра - 15 ученици, 1 паралелка, 60 минимум поени
Забен техничар - 15 ученици, 1 паралелка, 60 минимум поени
Физиотерапевтски техничар - 15 ученици, 1 паралелка, 60 минимум поени
Струка лични услуги
Козметички техничар - 15 ученици, 1 паралелка, 40 минимум поени

2. Услови за запишување на учениците
Запишувањето на учениците во учебната 2019/2020 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование и Законот за стручно образование и обука, учениците да имаат завршено основно образование и да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Конкурс.

3. Потребни документи за запишување
При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:
Пријава за запишување (ученикот ја подигнува од училиштето);
Оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
Дипломи (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари (што се од значење за струката односно изборното подрачје);
Извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето)
Државјанство.

4. Конкурски рокови
Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во два уписни рокови со две пријавувања во месец јуни.
Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 14, 15, 16, 17, 18 јуни 2019 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 20 јуни 2019 година.
Второто пријавување и запишување на учениците се врши на 24, и 25 јуни 2019 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јули 2019 година.
Се организира втор уписен рок доколку во училиштето останат слободни места после јунскиот рок.
Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 26 август 2019 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето ќе се објават на 27 август 2019 година.

5. Критериуми за избор
Критериуми за избор на учениците се:
Среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
Среден успех на ученикот постигнат по странски јазик и два предмети што се од значење за струката;
Дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;
Средна вредност од поени добиени за поведение.